07 April 2018

Дента кога се иселив

Си ја закопав кучката под лимонот
во земјата нагноена од неа.
Ја завиткав во ќебе и ја ставив
во кутија од стари играчки како што ми рече мајка ми.
Копав со позајмена лопата
додека не ми излезе плик гноен голем
колку четвртина од мојата дланка.

Бидејќи пред тоа беше скитник, мојата кучка
мразеше плажа, се плашеше од океанот и јавните паркови.
Не одеше подалеку, дури ни одврзана.
Ниедно од кутренцата не ѝ преживеа ни шест недели.
За цело време од тој студен ден кога и последното кутре
ѝ беше донесено во кеса, таа беше
најтажното суштество во таа мизерна куќа.

Да беше човек, ќе ме разбереше како солзите
за неа ми се помешаа кога Џим, љубовникот на мајка ми, 
ми кажа, под острата сенка од лимонот
дека му ги вратиле под старателство
децата што порано ги беше сексуално злоупотребил.
Дејвид Холер

No comments:

Post a Comment