09 April 2018

...многу црвена боја...

ќе ми треба многу црвена боја
за да сликам
на платното со кое сакам
да го здиплам телото
во тактови
во рафали
ќе ми треба џиновска виолина
за да биде доволно гласен
звукот
но јас шепотам
шепотам без дисциплина
без намера
шепотам црвено сиво бело

ќе ми треба метафизика
поетика религија
ќе ми требаат усни
за да ти зборувам
тогаш кога би сакала
само да молчиме
зашто ништо не
е погласно
од воздухот што
тежи меѓу
моето и твоето тело

Ивица Антески

No comments:

Post a Comment