Почни од овде

Пред да почнеш да го листаш блогов, можеби ќе те интересираат некои брзи факти:

1. клучни содржини - политика, демократија, критика на општеството, атеизам, мир, ненасилство, литература, поезија, дадаизам, рок, метал, наука, новинарство, медиуми, активизам

2. дизајн - самиот си го дизајнирав темплејтот менувајќи еден од понудените на Blogger. Промените ги правев во едиторот на Blogger, но и самиот - директно во html текстот.

3. линкови - Сите листи на линкови се отворени за дополнување и преземање. За да се најде некој сајт на листата е доволно само да ми се пише (се разбира - предлогот мора да има некое задоволително ниво на квалитетна содржина со која се согласувам). Долу има и листа на линкови до медиуми. Помогни ми да ја направам пообемна за да можеме сите заедно да ја користиме. Слободно да си ја преземеш ако ти треба.

4. постирање - Објавувам скоро секој ден. Имам агенда, ама не се држам цврсто до неа. Од време на време, правам паузи без најава - ко ќе ми ќефне си земам одмор од блогирање

5. пребарување низ блогот - има неколку начини да го најдеш на блогов она што го бараш (сите ти се во сајдбарчето десно):
  • постманијак - облак од клучни зборови: кликни на она што те интересира
  • пребарувач - класичен пребарувач: напиши и кликни Search
  • хронолошка архива - кога кликнуваш ти излегуваат насловите на сите постови објавени тој месец
6. коментари - сите коментари се добредојдени. Притоа, те молам при коментирањето да се држиш до дефинираните правила. Плус, пиши ми, дал директно (на antipunkt(at)gmail.com) или во формуларчено на сајдбарот.

7. преземање текстови - преземањето текстови без моја дозвола и без линк до оригиналната содржина е казниво со закон и го задржувам правото да преземам законски мерки. Прочитај како ги дефинирав моите авторски права - на овој линк.

No comments:

Post a Comment